Нови документирани снимки од удари на Јупитер

0
Нови документирани снимки од удари на Јупитер

Снимка од 17-ти март, на која се гледа удар врз Јупитер од страна на комета или астероид. Извор: Себастијан Волтмер

Прекрасна снимка ни ги открива деталите од ударите кои му се случија на Јупитер во изминатиот месец. На сликата, направена од астроном-аматер, во десниот дел на планетата се гледа ударот, а воедно може да се забележат и три од Јупитеровите сателити.

Јупитер е најголемата планета во системот и неговата гравитациска моќ за привлекување на објекти е најголема во споредба со останатите планети. Со ова се подразбира дека на Јупитер се случуваат многубројни удари на комети и астероиди, а дел од нив се видливи и од Земјата. Најпознат е ударот на кометата во 1994-та година, кога последиците на небото над Јупитер траеја со месеци.

Видео: Удар на астероид на Јупитер, снимен на 17-ти март.

На ваквите документирани снимки им се зголемува бројот, што открива колку аматерската астрономска опрема напредува во последно време.

НАСА планира и посета на Јупитер по средината на оваа година, кога леталото Јунона (Juno) ќе пристигне до планетата и меѓу другото ќе ги проучи и нејзината структура, состав, магнетно поле итн.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Space

Сподели.