Новата германска мисија на Месечината би можела конечно да докаже дека првите слетувања не беа измама

0
Новата германска мисија на Месечината би можела конечно да докаже дека првите слетувања не беа измама

Дизајн на модулот ALINA. Заслуги: PT Scientists

Германските научници сакаат да постават две мобилни сонди на Месечината, кои би биле способни да го истражат роверот кој го остави мисијата Аполо 17 во 1972 година.

Мисијата би можела конечно да ги побие гласините дека слетувањето на Месечината е измама, фотографирајќи ја опремата која астронаутите ја оставија зад себе пред повеќе од 40 години.

Истражувачите за оваа идеја, наречени PT (Part-Time) Scientists се здружуваат со германскиот произведувач на автомобили, Ауди, за влез на натпреварот Google Lunar X Prize.

Наградата е од 30 милиони американски долари и ќе ја освои првата приватна група која ќе слета автоматизирано возило на Месечината кое треба да помине над 500 метри на Месечината и да испрати фотографии назад на Земјата.

За да пристигне на Месечината, тимот потпиша договор со американската воздухопловна фирма Spaceflight Industries за лансирање на ракетата пред крајот на 2017 година, веројатно на Falcon 9 на SpaceX.

„Ова е мисија за предизвиците кои лежат на оние 384.400 километри кои ја одвојуваат Земјата од Месечината“ изјавиле истражувачите на нивната веб страна. „Приказна за кршење на правилата, стапнување на места кадешто никој претходно не стапнал“.

Слика: ALINA module design. Credit: PT Scientists

Тимот од PT научници првично беше формиран од инженери кои волонтерски работеле во нивното слободно време, но сега компанијата има 12 вработени со цело работно време, чии амбиции станале доста сериозни за овој проект.

За да ја постигнат целта групата развива два клучни технолошки моменти: модулот ALINA (Autonomous Landing and Navigation) за слетување на површината на Месечината и два ровери Audi Lunar Quattro кои ќе го вршат истражувањето таму.

Роверите ќе бидат снабдени со погон на четири тркала, соларни панели, обновливи батерии и камери со висока резолуција.

Секој може да резервира место за својот багаж, секако за 800.000 долари за секој килограм тежина.

Како што може да се очекува, и земјаќи предвид дека станува збор за натпревар, научниците не откриваат многу детали за хардверот кој го конструираат, но тимот вложува сериозни напори за успех.

Други приватни компании за истражување на Вселената се натпреваруваат за X Prize вклучувајќи ги Moon Express, Spacell и Synergy Moon.

Доколку ги постигнат своите мисии, роверот на PT научниците ќе биде во можност да се доближи до само 200 метри од местот на слетување на месечевото возило од мисијата Аполо – Lunar Roving Vehicle (LRV), бидејќи НАСА сака да го зачува историското место на Месечината за да го видат идните генерации.

Ако се сомневате дека таму воопшто и нема што да се види, spoiler alert – има!

Астронаутите не биле на Месечината дури од 1972 и мисијата Аполо 17, поради кратење на буџетот и менување на приоритетите. Оттогаш и НАСА го има сменето фокусот кон Меѓународната вселенска станица и истражувањето на Марс.

Но, натпреварот X Prize ни дава можност за конечно да направиме патување кон површината на Месечината, кое многу тежи финансиски, иако ќе биде со автоматизирани ровери, а не со луѓе.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Science Alert

Сподели.