Ланиакеа: Ново идентификувано галактичко суперјато е домот на Млечниот Пат

0
Делче од Ланиакеа Суперкластерот во супергалактичната екваторијална рамнина—имагинарна рамнина која содржи многу од масивните кластери кај оваа структура. Боите ја претставуваат густината во ова делче, каде црвената претставува висок степен на густина, а плавата боја е за празнините—области со релативно малку материја. Индивидуалните галаксии се прикажани како бели точки. Патеките за брзина во регионот кои се гравитациски доминирани од Ланиакеа се прикажани во бело, додека црно-плавите патеки се оддалачени од локалната привлечност на Ланиакеа. Портокаловата контура ги затвора надворешните граници на овие патеки, дијаметар од околу 160 Mpc. Овој регион содржи маса од околу 100 милиони билиони Сонца. Заслуги: : SDvision interactive visualization software by DP at CEA/Saclay, France.

Делче од Ланиакеа суперјатото во супергалактичната екваторијална рамнина—имагинарна рамнина која содржи многу од масивните јата кај оваа структура. Боите ја претставуваат густината во ова делче, каде црвената претставува висок степен на густина, а сината боја е за празнините—области со релативно малку материја. Индивидуалните галаксии се прикажани како бели точки. Патеките за брзина во регионот кои се гравитациски доминирани од Ланиакеа се прикажани во бело, додека црно-сините патеки се оддалачени од локалната привлечност на Ланиакеа. Портокаловата контура ги затвора надворешните граници на овие патеки, дијаметар од околу 160 Mpc. Овој регион содржи маса од околу 100 милиони билиони Сонца. Заслуги: : SDvision interactive visualization software by DP at CEA/Saclay, France.

Користејќи го “Foundation’s Green Bank Telescope (GBT)“ телескопот—како и други телескопи, научниците одредуваат дека нашата галаксија, Млечниот Пат, е дел од новоидентификуваното и огромно суперјато на галаксии, наречен “Ланиакеа“, што преведено од Хавајски значи „неизмерен рај“.

Ова откритие ги разјаснува границите на нашето галактичко соседство и ги воспоставува претходно непрепознатливите конекции помеѓу разни јата од галаксии во локалниот Универзум.

“Конечно успеавме да ги поставиме контурите кои го дефинираат суперјатото од галаксии кое може да го гледаме како дом,“ вели главниот истражувач Р. Брент, астроном од универзитетот во Хаваи, Маноа.

Суперјатата се меѓу најголемите структури во познатиот Универзум. Тие се составени од групи на галаксии, слични на нашата Локална Група, која содржи дузина галаксии, како и масивни јата кои содржат стотици галаксии и сите тие се меѓусебно поврзани во мрежа од филаменти. Иако овие структури се меѓусебно поврзани, тие имаат лошо дефинирани граници.

Со цел подобро да се дефинира космичкото мапирање, истражувачите предложуваат нов начин за евалуација на овие огромни структури од галаксии и тоа преку испитување на нивнотот влијание врз движењето на галаксиите. Одредена галаксија помеѓу дадени структури ќе биде фатена во гравитациско влечење во кое рамнотежата на гравитациските сили од околните големи структури, до одредува движењето на галаксијата. Користејќи го GBT телескопот, како и други радио телескопи за мапирање на брзините на галаксиите во нашиот локален Универзум, тимот успеал да го дефинира просторниот регион каде секое суперјато доминира. „Набљудувањата со GBT телескопот играле голема улога во истражувањето кое довело до разбирањето на границите и односите на одредени суперјата“, кажува Тули.

Заслуги: Nature

Млечниот пат се наоѓа во предградието на еден од овие суперјата, чија големина за прв пат е прецизно добиена и обележана, користејќи ги овие нови техники. Ова т.н. Ланиакеа суперјато е 500 милиони светлосни години во дијаметар и истото содржи маса од околу сто милиони милијарди Сонца, распределени низ околу 100 000 галаксии.

Дополнително, ова изучување ја разјаснува улогата на Големиот Привлекувач (the Great Attractor), гравитациски фокусна точка во интергалактичкиот простор која влијае врз движењето на нашата Локална Група од галаксии, како и други јата од галаксии.

Две гледишта на Ланиакеа суперјатото. Заслуги: : SDvision interactive visualization software by DP at CEA/Saclay, Франција.

 

Во границите на ова суперјато, движењата на галаксиите се со внатрешна насока, исто како што поток од вода го следи опаѓачкиот пат кон долината. Областа на Големиот Привлекувач е голема рамна гравитациска долина со привлечна сфера која се простира преку Ланиакеа суперјатото.

Името на ова суперјато е во чест на Полинезиските морепловци кои го користеле своето познавање на небото, со цел да патуваат низ пространството на Тихиот Океан.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys.org

Сподели.