Координатни системи

0

Астрономијата е најстара природна наука. Нејзините задачи се:

a) проучување на привидните и вистинските положби и движења на космичките тела и нивните форма и големина,

б) проучување на градбата на космичките тела, нивниот хемислки состав, соодветните физички услови, физичките и хемиските појави и процеси,

в) проучување на постанокот и еволуцијата на космичките објекти и системи, како и на целата Вселена.

Најдобро во објаснувањето на астрономската наука е да се појде со дефинирањето на основите поими. Меѓу нив спаѓаат тие кои служат за ориентација во просторот и одредување на привидните положби на небесните појави како ѕвездите, планетите, астероидите, метеорите или галаксиите. Можеме да замислиме една сфера со бесконечно голем радиус и центар во точката на набљудување, а сите небесни тела се проектирани на неа. Оваа сфера се нарекува небесна сфера.

sphere_lg

Сферните координати кои се однесуваат за небесната сфера се основа за одредување на положбата на небесните тела. Географските координати се исто така сферни координати, и кај нив координати се географската ширина (северна и јужна, од 0° до 90°), и географската должина (источна и западна, од 0° до 180°, меридијанот што поминува низ Кралската опсерваторија во Гринич е нулти). На сликата лево прикажан е сферниот координатен систем за Земјата, наречен, Земјин географски систем, а координатите на Скопје (Ние сме тука) се 42° сгш и 21, °5 игд. Секој степен може да се подели на 60 аглови минути 1°=60¢, а секоја аглова минута на 1¢=60² или 1°=60¢=3600². Доколку се продолжи Земјината оска тогаш зборуваме за светска оска. Оваа светска оска небесната сфера ќе ја прободува во северниот и јужниот небесен пол. Веднаш до северниот небесен пол се наоѓа ѕвездата Северница.

Земјен координатен систем

Земјен координатен систем

Во астрономијата се користат повеќе координатни системи во зависност од појавата што се опишува. Да наведеме неколку: хоризонтски координатен систем, месен екваторски координатен систем, небесен екваторски координатен систем, еклиптички координатен систем, галактички координатен систем итн. Помеѓу сите координати на системите постојат изрази од законите од сферната тригономерија., а преодот од еден во друг координатен систем ќе се изучува понатаму. Како и да е, секој координатен систем се карактеризира со основен круг, кој ја офаќа основната рамнина, и почетен полукруг (на пример, хоризонтот – опфаќа хоризонската рамнина, и небесниот меридијан во хоризонтскиот систем).

Сподели.