Колку зајдисонцата на Титан можат да ни кажат за другите планети

0
Ron-Miller-Titan-illustration-580x435

Илустрација од езеро на Титан направена од Рон Милер

Замаглената, портокалова месечина Титан која кружи околу Сатурн е од голем интерес за егзобиолозите затоа што нејзиниот хемиски состав може да биде добар за живот. Има дебела атмосфера составена од азот и метан, доста е веројатно дека има езера богати со течен јаглеводород и научниците веруваат дека има доволно светлина која се пробива во атмосферата за да предизвика хемиски реакции.

Всушност месечината би можела да биде аналогна со нашето подобро разбирање на атмосферите од другите егзопланети многу подалеку од нашиот соларен систем. Од самите набљудувања на зајдисонца на месечината, научниците предводени од НАСА веруваат дека дебелата атмосфера може да влијае на начинот на кој ја доживуваме и гледаме планетата од далеку.

За почеток, неколку информации за тоа како научниците доаѓаат до сознанија за атмосферите на планетите. Кога една далечна планета поминува пред својата матична ѕвезда, светлината од ѕвездата минува низ атмосферата и се прекршува.

Спектарот кој телескопите го забележуваат, може да им даде доволно информации на научниците од што е составена атмосферата, која е нејзината температура и како е структурирана. (Иако треба да се напомене дека оваа наука е сеуште во својата рана фаза и функционира најдобро врз многу големи егзопланети кои се наоѓаат релативно блиску до Земјата, бидејќи вообичаените планети се доста мали и далечни.)

„Претходно, беше нејасно како маглините влијаеа врз набљудувањата врз транзитни егзопланети.” вели Тајлер Робинсон, постдокторски научен соработник кој го водеше истражувањето во Истражувачкиот центар на НАСА. „Затоа го насочивме нашето внимание кон Титан, маглив свет во нашиот соларен систем кој беше интензивно набљудуван од Касини.”

Површината на Титан е безмалку комплетно скриена поради дебелата портокалова замагленост

За ова да биде направено, тимот на Робинсон ги употреби податоците од Касини за време на четири соларни затскривања, или периоди кога Титан минувал пред сонцето од перспектива на вселенското летало. Откриле дека магливата атмосфера на месечината отежнува во откривањето на нејзиниот спектар.

„Набљудувањата би можеле да соберат информации само од горниот дел на атмосферата на планетата,” изјави НАСА. „На Титан, кој соодветствува со 150 до 300 километри над површината на месечината, високо над масивниот дел од својата густа и комплексна атмосфера.”

Маглата е уште помоќна во кратките синкасти светлински бранови должини, што е контрадикторно на претходните истражувања, претпоставувајќи дека сите светлински бранови должини би имале исто искривување. Моделите од атмосфери на егзопланети вообичаено имаат поедноставен спектар бидејќи маглините се комплексни за моделирање, што бара голема компјутерска моќност.

Истражувачите се надеваат дека ќе можат да ги искористат овие набљудувања од Титан за подобро информирање околу тоа како се креирани егзопланетарните моделирања.

Истражувањето е објавено на 26-ти мај во Постапките на Националната академија на науките.

Извор: НАСА

Превод: Лина Конеска

Сподели.