Како се мери Млечниот пат?

0
Како се мери Млечниот пат?

Млечен пат. Извор: НАСА.

Мерењето на масата на галаксиите не е едноставна работа, особено кога сакаме да измериме галаксија во која се наоѓаме. За среќа, научниците од Универзитетот Колумбија веруваат дека нашле решение за оваа проблематика.

Мерења и предвидувања на масата на Млечниот пат биле правени и порано, но новата техника објавена во The Astrophysical Journal е навистина едно ново, креативно освежување во оваа област.

Познато е дека објектите со поголема маса имаат посилна гравитација. Масата на Млечниот пат влијае врз орбитите на ѕвездите сателити кои се наоѓаат надвор од дискот на нашата галаксија. Овие ѕвезди се интересни поради тоа што оставаат ѕвездени трагови зад себе и доаѓаат од јата кои се распаѓаат. Овој тип на јата се компактни групи создадени од илјадници до неколку милиони ѕвезди кои биле родени заедно во почетоците на Универзумот. Тие орбитираат околу нашата галаксија и полека, во текот на милијарди години се распаѓаат, оставајќи уникатни трагови зад себе – нешто слично како авионите кога поминуваат низ облаците.

Тимот од научници го разгледувал ѕвездениот траг од ѕвездата именувана како Паломар 5 (Palomar 5). Кај нејзиниот траг се појавувале периодични и правилно одделени бранувања. Со помош на овие податоци, тимот успеал да направи компјутерски модел со различни променливи на Млечниот пат и ѕвездата Паломар 5. Се открило дека патот на ѕвездата би бил таков во случај кога галаксијата би била 210 милијарди пати поголема.

Следен чекор е доусовршување на истражувањето и подетално мапирање на Млечниот пат. Се очекува овој процес да придонесе и за подобро проучување на настанокот на нашата галаксија.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.