Како да се преживее набљудувањето на небото кога студи?

0
UT-Orion-with-snow-pines-Jan-3-2010

Орион изгреан над високите зимзелени дрвја во текот на една јануарска ноќ со температура под нулата. Права на фотографијата: Боб Кинг

Дали студот ќе ве спречи да излезете за да му се воодушевувате на ноќното небо? Не би требало, доколку соодветно се подготвите.

Искрено, веројатно секако ќе ви студи доколку сакате да набљудувате за време на ветровити ноќи со температура под нулата, но доколку ги следите овие корисни совети, барем нема да смрзнете. Клучот за успешна и среќно помината ноќ под зимското небо лежи во следниве две нешта: да се облечете добро и однапред да испланирате што сакате да видите.

Знам дека изгледа како вонземјани да го киднапирале телото, а ги оставиле само алиштата, но сметајте ја фотографијава како илустрација за тоа што значи добра облека за студени ноќи. Права на фотографијата: Боб Кинг

Знам дека изгледа како вонземјани да го киднапирале телото, а ги оставиле само алиштата, но сметајте ја фотографијава како илустрација за тоа што значи добра облека за студени ноќи. Права на фотографијата: Боб Кинг

(на фотографијата: поставени чизми/чевли, поставени панталони, два пара ракавици, перјана јакна, џемпер, капа со заштита за ушите)

Да се облечеш добро значи да го прифатиш фактот дека дури и кога ти е топло кога ќе излезеш од дома, по 10 минути веќе нема да ти биде топло. Секогаш облечете максимален број слоеви. Поставените зимски или планински чевли ќе ви ги сочуваат стапалата топли најмалку еден час додека стоите во место покрај телескопот.

Сè уште во зима носам фармерки, но кога излегувам да фатам боја од ѕвездите на ноќното небо, облекувам поставени панталони за на снег. Топлината од горниот дел од телото се чува со блуза, дебел џемпер и дебела перјана или поставена јакна кои ве штитат сè до вратот. Некои имаат поедноставен пристап и облекуваат скафандер за на снег. Додајте шал, капа што ги покрива и ушите и поставени ракавици и речиси сте подготвени за борба. Секако, под претпоставка сè уште да имате енергија откако изградивте тврдина околу себе.

Ставете грејачи за рацете во вашите ракавици или чизми. Права на фотографијата: Боб Кинг

Ставете грејачи за рацете во вашите ракавици или чизми. Права на фотографијата: Боб Кинг

Што се однесува до ракавиците, јас користам поставени крзнени ракавици, а во секоја дланка држам грејачи за рацете наполнети со хемикалии. Прекрасно е чувството кога ќе ги ставите изладените прсти во топло. Други луѓе го претпочитаат мудриот пристап со двојни ракавици – тие носат пар тенки ракавици во пошироки ракавици (со издвоен палец) кои се отвораат на средина на дланката. На тој начин можете да ги користите прстите за изострување или за проверка на мапата и повторно безбедно да ги сместите во вториот пар подебели ракавици.
Во многу студени ноќи го поставувам телескопот веднаш покрај куќата за да можам да влезам внатре кога ќе ми застуди, но на одредени ноќи кога може да биде под нулата, но без ветер, излегувам подалеку во природа за да добијам потемно небо.

Јас го ограничувам набљудувањето најмногу на два часа. Не заради тоа што имам каква било контрола над времето, туку заради тоа што на -30 степени само толку може телото да издржи. Еден трик што го употребувам низ годините за да го преживеам астрономскиот студ е постојаното движење. Постојано проверувам мапи, враќам окулари во багажникот од автомобилот, потоа се враќам да земам друг окулар, потоа прошетувам или пак трчам во место. Само волците и ве гледаат, така што, не грижете се. Сè тоа се прави за да се одржува телото во движење со цел да создава топлина.

Во многу студени ноќи, паметно е да направите концизен план за набљудување со цел да го користите времето крај телескопот ефикасно. Земам неколку мапи и фаќам куси белешки користејќи црвена рачна батерија. Права на фотографијата: Боб Кинг

Во многу студени ноќи, паметно е да направите концизен план за набљудување со цел да го користите времето крај телескопот ефикасно. Земам неколку мапи и фаќам куси белешки користејќи црвена рачна батерија. Права на фотографијата: Боб Кинг

Во случај да смрзнам, автомобилот е некакво засолниште. На типично враќање дома, внатрешните делови од рацете и дланките се трудат да ја апсорбираат и последната молекула топол воздух кој излегува од вентилаторите.

Вториот клучен елемент за една успешна, исполнувачка ноќ на температура под нулата е планирањето. Доколку подготвите кус список, дали на хартија или ментално, од бисерите на зимското небо пред да излезете од дома, ќе ги користите вашите минути поефикасно и ќе се вратите дома со насмевка на лицето.

Бидете едноставни. Ако има изгреана светла планета, таа е секогаш на мојот список. Кога Јупитер мами со својот сјај, како може да не излезете да го набљудувате времето на најголемата планета од Сончевиот систем? Уживајте во мислата дека облаците кои ги гледате се со температура од -145 степени и создаваат снегулки од амонијак. Во споредба со неа, температурата од -20 степени изгледа како температура за шетање по кратки ракави.

Доброоблечен набљудувач на ѕвезди ужива во ноќта под зимското небо. Права на фотографијата: Боб Кинг

Доброоблечен набљудувач на ѕвезди ужива во ноќта под зимското небо. Права на фотографијата: Боб Кинг

Додајте неколку променливи ѕвезди, супернова, можеби комета и два-три објекта од длабокото небо и резултатот е чувство на поврзување и постигнување до моментот кога ќе влезам дома во дневната соба, која во споредба со претходната локација е вистински одмор на Хаваи. Вкупно поминато време: можеби еден час. Велите премногу? 15 минути за прекрасна двојна ѕвезда и споменатата планета се доволно. Астрономските фотографии, написи и книги се супер, но од време на време ни треба оригиналот – не постои замена за директната поврзаност со космичката дивина.

Еден клучен совет за астрономско набљудување во зима: телескопот мора да биде СТУДЕН. Празна студена визба би била идеална за складирање. Освен тоа, поставете го телескопот надвор и оставете го да се олади пред да почнете со набљудувањето. Ако телескопот го извадите директно од домот, 45 минути до еден час би требало да биде доволно време, зависно од температурата и отворот на објективот. Ако го чувате во гаража или шупа, 20 минути се доволно.

Прекрасна ноќ во јануари осветлена со месечева светлина со Големата мечка изгреана на североисточното небо. Права на фотографијата: Боб Кинг

Прекрасна ноќ во јануари осветлена со месечева светлина со Големата мечка изгреана на североисточното небо. Права на фотографијата: Боб Кинг

Подготвени? Сторете го тоа! Налетав на една жена пред неколку недели, која ми кажа дека ужива во зимата бидејќи студенилото прави таа да се чувствува жива. Навистина точно погоди. Ќе ве поздравам со извадок од еден од моите омилени автори, Џозеф Елџи, англиски аматерски астроном кој пишувал за уживањето во небото без разлика на годишното време во книгата со наслов Ноќното небо во текот на годината. Овој извадок е од февруари во 1907 година: „Кусо по девет часот, Прокион може да се види низ отворите во летечките облаци, недалеку од меридијанот. Небото наликуваше на огромно снежно поле кое брзо се движи – снежно поле кое покажува куси предели на синило, проткаени со сребрени искрички, а Прокион беше една од нив. И на југо-запад можев да го забележам бакарното светкање на бледата сина небесна позадина. Тоа беше Бетелгез. Какви слики на нежна убавина беа тоа!“

 

 

Превод и адаптација: Љубинка Брашнарска

Извор: Universe Today

Сподели.