Каде да слета Розета?

0

Користејќи ги деталните информации кои “Розета” ги собра во соживот со кометата “Чурјумов – Герасименко” во текот на првите две недели, конечно се идентификувани кандидатите за место за слетување на лендерот “Филе”, закажано за средината на ноември, првото слетување воопшто на една комета.

rosetta

Слетувањето би требало да се изврши кога кометата ќе се наоѓа на некои 450 милиони километри од Сонцето, пред активноста на кометата да достигне ниво кое би можело да ја загрози сигурноста и прецизноста на испраќање на “Филе” на површината на кометата.

Кометата кружи со својата стандардна 6.5 годишна орбита околу Сонцето, а денес се наоѓа на под 520.000.000 км од него. Кога на 13 август 2015 г. ќе биде најблиску до Сонцето, кометата и “Розета” ќе се наоѓаат на само 185.000.000 км. од него, што ќе значи дека јачината на светлината која пристига од Сонцето ќе порасне за дури осум пати.

Одбирињето на вистинското место за слетување е многу сложен процес. Местото мора да балансира помеѓу техничките барања и орбитерот во текот на сите фази на одвојувањето, спуштањето и приземјувањето, како и на научните потреби на сите 10 апарати на “Филе”, во текот на неговите активности на површината. Главниот проблем е што врз основа на податоците од орбитерот, можно е да се одбере потенцијална зона на слетување на лендерот единствено во облик на една елипса, која ја покрива површината од околу еден квадратен километар.

rosetta sletuvanje

Слетувањето на “Филе” ќе биде извршено со брзина од околу 3.5 км/ч. Поради слабата гравитација, лендерот прво ќе се закачи на тлото за време на исфрлените харпуни, а дополнителното осигурување ќе се постигне со специјални автоматски анкерувања. Лендерот е со дијаметар од 1 м. и висина од 80 см.

Превод: Петар Ивановски

Автор: Астрономски Магазин

Сподели.