Вечер премиерата на филмот Interstellar заедно со набљудување со телескопи и предавање за црни дупки

0

Вечер во киното Cineplexx во трговскиот центар City Mall ќе се одржи премиера на научно-фантастичниот филм Interstellar.

Вечер премиерата на филмот Interstellar заедно со набљудување со телескопи и предавање за црни дупки

Покрај уживањето во филмската премиера нашето друштво заедно со киното ќе ги анимираат гостите со набљудување на Месечината пред трговскиот центар (доколку ни дозволат облаците), плус кратко предавање на тема црни дупки, а ќе бидат поставени и 10-тина астрофотографии од последната изложба на Друштвото. Црните дупки се дел од тематиката на овој филм. Малку поподробно ќе објасниме за нив, како и за научниот дел во моделирањето на црните дупки за потребите на овој филм.

Повеќе за програмата може да прочитате подолу, како и на страната на Cineplexx.
Tрејлерот од филмот може да го видите на следниот линк.
Патувај во меѓуѕвездениот простор, истражи го Сончевиот систем и научи нешто повеќе за Вселената!

– Набљудуваj jа Месечината и планетите пред влезот на Скопје Сити Мол;
– Кратко предавање на Скопско Астрономско друштво, за оние кои сакаат да научат повеќе за црните дупки;
– Занимавај се со супер кул апликацијата Interstellar и направи го својот Сончев систем!

Сподели.