Хаумеа

0

Оваа џуџеста планета припадник на Кајперовиот појас е четвртата по големина џуџеста планета. Откриена е во 2004 година, за во 2008 да го добие своето име Хаумеа по Хавајската божица на плодноста. Двете месечини на Хаумеа се именувани по децата на божицата, Хиака и Намака. Екстремната елонгација на Хаумеа ја прави единствена помеѓу џуџестите планети. Иако нејзиниот облик не е директно набљудуван, пресметките од светлосната крива наговестуваат дека е елипсоид, со што нејзината голема оска е два пати поголема од помалата. Оваа сфероидна форма, невообичаено брзата ротација, големата густина и високото албедо (поради кристализираниот воден мраз) се претпоставува дека нејзините 2 месечини, Хиака и Намака дека се резултат на некој голем судир во минатото. Оваа планета е најголемиот претставник на т.н. група „фамилија судирачи“ – објекти кои што припаѓаат на во групата на тела кои се создале по судирот со некое друго големо тело во транс-нептунскиот регион.

Претпоставка за изгледот на Хаумеа, заедно со нејзините 2 месечини Хиака и Намака

Претпоставка за изгледот на Хаумеа, заедно со нејзините 2 месечини Хиака и Намака

Хаумеа орбитира околу Сонцето за 283 години, и во својата најблиска точка до Сонцето доаѓа на 35 а.е., а најдалеку на 51.5 а.е. Инклинацијата на орбитата и е 28 степени. Таа како и Плутон е поврзана во резонанца со Нептун. Со визуелна магнитуда од 17.3, Хаумеа е третиот најсветол објект во Кајперовиот појас, но за да ја набљудувате ви е потребен доста голем телескоп. Оваа џуџеста планета има доста високо албедо, поради кристализираниот воден мраз кој што се наоѓа на нејзината површина. Албедото е толку е големо и светло па е успеано да се добијат термални емисии од планетата и отприлика да се процени нејзината големина. Големината на Хаумеа според проценките би требало да се движи 2 000 х 1 500 х 1 000. Температурата на површината е под 50 К, а составот е воглавно карпи и смрзнат мраз, за на површината да има и мал дел на органски соединенија.

Сподели.