Хабл забележа супернова која е поделена во 4 слики преку космичка леќа

0

Трилисна детелина може да се најде насекаде: во тревниците, во градините и во шумите. Но, да се забележи четрилисна детелина е ретко и среќно откритие. Со пронаоѓањето на четри слики од една супернова, астрономите со помош на вселенскиот телескоп Хабл пронајдоа еквивалент на четрилисна детелина.

Сликите се подредени околку џиновска елиптична галаксија која е поставена во преден план, а сместена во галактичко јато. Ова уредување формира крстовидна шема која се нарекува „Ајнштајнов крст“. Моќната гравитација од елиптичната галаксија и галактичкото јато ја засилува светлината од суперновата позади нив и го создава ефектот кој се нарекува гравитациска леќа. Елиптичната галаксија и нејзиното галактичко јато MACS J1149.6+2223, се оддалечени 5 милјарди светлински години од Земјата. Суперновата, која се наоѓа во позадината, е оддалечена 9.3 милјарди години.

Supernova Refsdal and Galaxy Cluster MACS J1149.6+2223
Source: Hubblesite.org

Откако ќе избледат четрите слики, астрономите предвидуваат дека ќе имаат ретка можност да гледаат реприза од појавувањето на суперновата. Компјутерските модели на јатото предвидуваат дека ќе се појави друга слика од ѕвездената експлозија за 5 години од сега. Можно е астрономите да го пропуштиле претходното појавување на суперновата во 1995 година. Бројните јавувања на ѕвездата која експлодира се должат на различните патишта по кои се движи разделената светлина низ лавиринтот на густа темна материја во галактичкото групирање. Секоја слика има различен пат низ јатото и пристигнува во различно време, делумно како резултат на разликите во должината на патот по кој светлината доаѓа до Земјата.

Превод: Софија Спировска

Извор: HubbleSite

Сподели.