Хабл забележа раѓање на ѕвезда во маглината Мајмунска глава

0

Бранувачки, гасовити облаци и млади ѕвезди беа карактеристични за овие февруарски слики од Хабл Вселенскиот Телескоп, објавени кога телескопот ближи до својот 24ти роденден, овој Април. Телескопот видел многу драма низ годините, но во овој случај, на наша среќа возбудувањето зазема место 6400 светлосни години од нас. Тука можете да го видите раѓањето на ѕвезда во акција во маглината NCG 2174, позната и како Мајмунска Глава (Monkey Head Nebula).

“Овој регион е исполнет со млади ѕвезди ембедирани со светли снопови на космички гас и прашина. Темните правливи облаци однадвор, врамени наспроти позадина од светол, плав гас. Овие впечатливи нијанси биле формирани комбинирајќи неколку слики од Хабл, сликани низ различни филтри, кои откриваат широк опсег од бои и кои при нормални услови не се видливи за нашите очи.” – Изјави Европската вселенска агенција.
“Овие живописни облаци се всушност „насилни“ ѕвездени расадници преполни со состојки потребни за градење на ѕвезди. Рецептот за приготвување на нова ѕвезда е прилично неефикасен и повеќето од состојките се трошат како што облакот од гас и прав исчезнува. Овој процес е забрзан од присуството на многу жешки млади ѕвезди, кои предизвикуваат ветрови со огромна брзина, кои пак овозможуваат гасот да се издува надвор.”

Драматичната историја на Хабл вклучува деформирано огледало, мисија за спасување и одлука во речиси последна секунда за извршување на шатл лет за поправки и надградби додека програмата за шатлот се уште не била комплетирана.

Извор: Universe Today

Превод: Димитар Бачваровски

Сподели.