Хабл Хуба: Се раѓаат ѕвезди околу црна дупкa во центарот на галаксијата

0

Да ја погледнеме оваа слика на галаксија оддалечена 86 милиони светлински години од нас. Во центарот на оваа фантастична слика има светла јамка која што го заобиколува центарот на галаксијата. Научниците велат дека токму таму се раѓаат ѕвездите прикажани на оваа нова слика од вселенскиот телескоп Хабл.

„Споредена со други спирални галаксии, оваа изгледа малку поразлично. Спиралниот центар на галаксијата е опкружен од светла јамка позната како прстен на резонанца. Овој прстен е полн со светли јата и распрскување на нови ѕвезди и ја врамува супермасивната црна дупка која што се смета дека се наоѓа во NGC 3081 – која што свети силно и ја проголтува материјата околу.” – изјави НАСА.

Под „прстен на резонанца” се подразбира област каде што гравитацијата предизвикува гасот да не го напушта тоа место и може да резултира со ваков прстен (како во NGC 3081), или пак објекти кои се наоѓаат многу блиску со голема гравитација. Научниците додадоа уште и дека NGC 3081, што се наога во соѕвездието Хидра или Водна змија е само еден од многуте примери на галаксии со пруги со овој тип на резонанца.

Сликата е комбинација на неколку типови светлина: видлива светлина, инфрацрвена и ултравиолетова.

Превод: Мартина Вељановска

Извор: Universe Today

Сподели.