Галаксии слични на Млечниот Пат имало и во раниот Универзум

0

Во раниот Универзум постоеле галаксии кои личат на оние во Млечниот Пат денес. Ова значи дека  раниот Универзум можеби и не бил така хаотичен како што се мислеше. Краткото време од „настанокот“ (Големиот Прскот) до неколку стотици милиони години потоа е познато како „ран Универзум“. Неговото кратко времетраење водеше до претпоставка дека галаксиите најпрво имале многу неправилен облик, барем во однос на денешната дефинирана форма. Но, нова студија објавена во The Astrophysical Journal Letters укажува на тоа дека воопшто не е така. Галаксии слични на нашата –  Млечниот Пат,  настанале само 500 милиони години по Големиот Прскот.

Истражувањето вклучи детална симулација на космосот наречена BlueTides, којашто вклучува област 100 пати поголема во волумен од  најголемата  истражувана област досега. За симулацијата беше употребен компјутерот Blue Waters во Питсбург, Пенсилванија.

Досегашните проучувања со Хабл опфатиле многу помали подрачја, па затоа и не е изненадувачки тоа што биле откриени многу галаксии со неправилен облик, кои воделе до претпоставката што важела до скоро.

Искористени беа и познати теории за раниот Универзум, посебно теоријата за ладната темна материја која го објаснува преминот на Универзумот од хомогена состојба во онаа денешната со организирани облици на материја(галаксии).

Со ставањето во употреба на новите телескопи како James Webb Space Telescope (JWST) и Wide Field Infrared Survey Telescope (WFIRST) кои треба да се лансираат во 2018, односно средина на 2020 година, ќе се побара и потврда на оваа теорија.

Превод: Милан Велков

Извор: IFL Science

Сподели.