Формирање на планета во бинарен систем

0
Уметничка илустрација на HD 142527 во видливиот спектар светлина. Црвенкастите делови немаат гас од јаглероден моноксид бидејќи е смрзнат во честички кои полесно се спојуваат. Извор: B. Saxton (NRAO/AUI/NSF)

Уметничка илустрација на HD 142527 во видливиот спектар светлина. Црвенкастите делови немаат гас од јаглероден моноксид бидејќи е смрзнат во честички кои полесно се спојуваат. Извор: B. Saxton (NRAO/AUI/NSF)

Научниците забележаа дупка со полукружна форма во гас околу пар ѕвезди. Се смета дека оваа материја која недостасува се соединува, учествувајќи во постепеното формирање на планета.

Планетите со две сонца се честа појава низ научно-фантастичните филмови, но до неодамна ваквите планети се сметаа за реткост која би постоела исклучиво во бинарните системи каде двете ѕвезди се доволно блиску и околу нив може да се орбитира како околу едно тело или пак, премногу оддалечени како би имало само една блиска ѕвезда за орбитирање. Како и да е, веќе знаеме дека присуството на планети кај бинарните системи е нормална, честа појава низ Вселената. Новата студија која беше овозможена од познатата опсерваторија (ALMA) со радио телескопи во Чиле, може да помогне да се разјаснат овие случаи.

Конкретно, за овој систем веќе беше познато дека има корона од гас и прашина каде се создава планета. На новодобиените снимки од АЛМА се гледаат досега невидени детали за физичките процеси кои го регулираат формирањето на планети околу овој, а веројатно и околу многу други бинарни системи.

Композитна слика од системот HD 142527 каде со црвената боја се гледа прашината, а јаглерод моноксидот е прикажан во сина и зелена боја. Гасот е смрзнат во честички што го помага и забрзува создавањето на планети. Точките во центарот ги претставуваат двете ѕвезди без нивната релативна сјајност. Извор: Andrea Isella/Rice University; B. Saxton (NRAO/AUI/NSF); ALMA (NRAO/ESO/NAOJ)

Повеќето протопланетарни дискови се симетрични, за разлика од обликот на овој облак од прашина кој има форма на полукруг или млада Месечина. Се смета дека оваа невообичаена форма се должи на комплексните гравитациски влијанија на двете ѕвезди кои си орбитираат меѓусебно. Првата ѕвезда има маса двојно поголема од Сонцето, а втората ѕвезда чија орбита е поголема од онаа на Сатурн има третина од масата на нашето Сонце и поради ова е стотици пати побледа.

Недостатокот на гас во црвенкастиот дел е веројатно резултат на смрзнувањето во честички на доминантиот гас јаглерод моноксид. Температурите се толку ниски што гасот се спојува во зрнца.

Со помош на АЛМА досега научниците имаат детектирано и систем од три ѕвезди каде веројатно се формира и планета.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.