Екваторски координатен систем

0

Главен недостаток на хоризонтскиот систем е во рамномерната промена на координатите на дадениот астрономски објект како што ротира Земјата околу својата оска во текот на денот. Овој недостаток е отстранет со користење на координатен систем кој е поврзан со вртењето на небесната сфера. Најчесто овој систем го објаснуваме со проекција на Земјиниот географски (велиме геоцентричен) координатен ситем на небото во одреден временски момент (в. сл. 1). Основна рамнина е рамнината на небесниот екватор, или основен круг е небесниот екватор, а небесните паралели се напоредни со него (по аналогија со географската ширина). Аголната оддалеченост од небесниот екватор е деклинација d. Таа координата се мери од 0 до 90 на северната небесна полусфера (од небесниот екватор према северниот небесен пол), и од 0 до –90 на јужната небесна хемисфера.

deklinacija
Другата координата има две варијанти. Според првата за почетен полукруг се зема локалниот меридијан, а системот се нарекува месен екваторски координатен. Секој набљудувач од површината на Земјата има свој сопствен екваторски координативен систем. (в. сл. 3) Координатата со која се додефинира овој систем, покрај деклинацијата, е часовниот агол t.

Часовен агол

Часовен агол

Аголот се смета во рамнината на екваторот од деклинацискиот круг на ѕвездите и расте во правец од југ према запад, север, па исток, т.е. во правецот на привидното вртење на небесниот свод. Часовниот агол се мери во часови; од 0 до 24 h, а претставува време поминато од последната горна кулминација на небесниот објект (изразено во часови, минути и секунди). Терминот горна кулминација се употребува често во астрономијата. Тоа е местото, положбата каде астрономските објекти ја достигнуваат најголемата висина по периодот на изгревање, искачување, а пред периодот на симнување и залезот. Тука е место да напоменеме дека постојат ѕвезди кои некогаш не изгреваат или заоѓаат. Тоа се или ѕвезди кои постојано се над хоризонтот (ги нарекуваме циркум поларни) или никогаш не сме ги виделе, оти „вечно“ се под хоризонтот (анти-циркумполарни).

Небесниот екваторски координативен систем е најупотребуваниот координативен систем и е погоден за опишување на координатите на ѕвездите кои не се менуваат со привидното движење на небесната сфера. За почетен меридијан, не се зема локалниот меридијан, но оној меридијан кој поминува низ γ (гама) точката.

Небесен екваторски систем

Небесен екваторски систем

Координата е аголот кој расте од запад кон југ и исток (спротивно од стрелките на часовникот – во директен правец. Оваа координата се нарекува десна асцензија (или ректасцензија).

 

Ректасцензија

Ректасцензија

Се бележи со α алфа и се мери најчесто во часови: од 0 до 24, но се употребуваат и степени од 0° до 360°. Наведени се неколку релации на претворба на ректасцензијатa на часови во степени.

24 h = 360 °

1 h = 15 °, 1 min = 15′, 1 s = 15″

1 ° = 4 m, 1′ = 4 s

Како нулта положба се користи гама точката на пролетната рамнодневница (21 март), значи сите небески објеки од тој деклинациски полукруг ќе имаат ректасцензија a = 0 h.

Збирот на ректасцензијата и часовниот агол претставува ѕвездено време s

s = α + t

Ректасцензијата и деклинацијата се многу бавни (вековни) променливи координати на ѕвездите. Ако нив ги познавате може со помош на атлас или ѕвездена карта да се пронајде небесниот објект. Пример ѕвездата Кастор (прва ѕвезда на соѕвездието Близнаци) ги има следниве координати a = 7h 34min 36,0s d =+31° 53¢ 19² во епохата 2000,0. Земјата прецесира, т.е. нејзината оска на ротација во просторот се врти околу оската нормална на рамнината на еклиптиката, еднаш на 26 000 години.

Оската на ротација на Земјата и самата ротира околу оска нормална на еклиптиката еднаш за 26000 години

Оската на ротација на Земјата и самата ротира околу оска нормална на еклиптиката еднаш за 26000 години

Заради прецесијата, сега ѕвездата Поларис ни е Северница. За 12000 години тоа ќе биде ѕвездата Вега, а пак за 22000 години ѕвездата Тубан

Заради прецесијата, сега ѕвездата Поларис ни е Северница. За 12000 години тоа ќе биде ѕвездата Вега, а пак за 22000 години ѕвездата Тубан

 

За белја, тоа значи дека Сонцето поминува низ небесниот екватор секоја година малку поинаку низ точката која се вика гама точка, така што оваа „фиксна“ точка се менува (за 40 аглови секунди годишно).

гама - точката пред 2000 години била во соѕвездието Овен

гама – точката пред 2000 години била во соѕвездието Овен

гама - точката денес се наоѓа во соѕвездието Риби

гама – точката денес се наоѓа во соѕвездието Риби

Иако малку, оваа промена се собира и затоа при именувањето на ректасцензијата и деклинација на небесниот објект треба да се нагласи и епохата – годината во која координатите се валидни.

Сподели.