Експертите тврдат дека причината за Тунгунската експлозија е метеорит со потекло од Марс

0
Паднати дрва како последица на Тунгуската експлозија. Извор: НАСА.

Паднати дрва како последица на Тунгуската експлозија. Извор: НАСА.

Во далечната 1908 година во Сибир се случила огромна експлозија, илјадници пати посилна од нуклеарниот напад во Хирошима. Овој настан предизвикаl големи последици во Тунгунскиот реон, каде како резултат на шокот паднале сите дрвја на површина од повеќе од 1200 километри квадратни.
Повеќе од 100 години, потеклото на овој настан беше мистерија, без никакви остатоци или кратери за дополнително истражување. Токму поради ова, оваа експлозија беше и сеуште е инспирација за разни шпекулации и теории за НЛО, црни дупки итн…Сега, руските научници велат дека конечно дошле до некакво објаснување за оваа експлозија и дека најверојатно ги пронашле доказите, односно остатоците од метеоритот кој паднал на Земјата.
Исто така, овој истражувачки тим верува дека метеоритот бил по потекло од Марс. Сепак, останува прашањето за точноста на овие истражувања бидејќи меѓу другото, научниците користеле податоци и изјави стари веќе 100 години.

За прв пат во Април 2013, од страна на руски научници беа објавени податоци за три пронајдени камења кои се поврзуваат со случајот на Тунгунската експлозија. Објавените новости беа прифатени со огромна доза на скептицизам, а главната причина за тоа е долгиот временски рок кој им бил потребен да се направат официјалните вести со оглед на тоа што првата експедиција била пратена во 1988, а веќе 5 години имало номинирано три примероци како кандидати за остатоци од овој метеорит. Одговорниот главен научник Злобин вели дека новите студии имаат вклучено и хемиска анализа на составот на карпите и се многу поверодостојни. Како интересно дополнување на оваа колекција камења е и таканаречениот Камен на Џон, кој бил откриен уште во далечната 1972 година, а дури од неодамна почнал да се објавува во англиската литература. Според истражувањата и овој камен одговара на геологијата на површината на Марс и има прекршени делови со светкави облоги, што укажува на силниот топлински ефект при влезот во нашата атмосфера.

Фотографии од Каменот на Џон од 1972 година. Извор: Anfinovenov et al.

Колку и да се поклопуваат истражувањата со теоријата дека овие камења потекнуваат од Марс, како еден од најголемите аргументи против е големината на камењата кои доколку паднале од Марс би биле околу 1-2 метри големи, а за експлозија од типот на Тунгунската предвидени се камења со големина од 20-30 метри.

Извор: Universe Today

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.