Еден од четири Американци не знае дека Земјата кружи околу Сонцето!

0

Американците се секогаш ентузијасти кога се зборува за некој благодет на науката, но се чини им недостигаат основни познавања за истата. Неодамнешно интервју вели дека 1 од 4 не знаат дека Земјата орбитира околу Сонцето.

Испитувани биле 2 200 луѓе на 10 прашања од биологија и физика. Ова истражување се спроведува на секои 2 години. Просечната оценка била 6,5 – едвај доволна за да се положи.

Само 74% знаеле дека Земјата кружи околу Сонцето, а 48% дека човечката раса евоулирала од животни.

Повеќе од 90% сметаат дека придобивките од науката ги надминуваат опасностите кои таа ги носи, а исто толкав процент се заинтересирани за медицински истражувања.

Извор: Phys.org

Превел: Милан Велков

Сподели.