Древни текстови ќе бидат пратени на Месечината

0

Сеферска Тора, најсветиот текст за Евреите, ќе биде пратен на Месечината за да се зачуваат културни артефакти на локација надвор од досегот на можна Земјина апокалипса.

Идејата дека глобална катастрофа може да ги уништи сите достигнувања на цивилизацијата е проблем за писателите на научна фантастика.

Првиот чекор е рачно напишана копија од еврејската Тора да се однесе до месечината на Space IL, израелски учесник во трката за награда на Google Lunar X. Планот е промовиран од „Тора на Месечината“, но има и планови да се прошири и да вклучи уште два древни текста – Хиндуистичката Веда и И-Чинг.

Од друга страна, потегот може да предизвика контроверзии. Според еврејскиот закон, старите текстови мораат да се транспортираат на начин достоен за почит.

Астронаутите од Аполо 15 веќе оставија Библија на Месечината.

Извор: IFLS

Превод: Максим Осман-Николов

Сподели.