Добредојдовте на новиот веб портал на САД

0

Здраво пријатели,

со задоволство би сакале да ви го претставиме новиот веб портал на Скопско астрономско друштво – astronomija.mk

Потребата од промена на платформата ја чувствувавме веќе некое време и навистина ни е драго што таа конечно се случи, пред сè поради можноста да ви понудиме нови начини на кои ќе можете да ја следите работата на Друштвото.

Од сега, покрај објавите на фан страната на Facebook и нашата сметка на Twitter, до новите написи на веб-страната може да дојдете преку RSS feed или електронски билтен кој на вашата мејл адреса би стигнувал еднаш неделно. Формуларот за билтенот е на дното на веб-страната.

Новина е и категоријата блог, каде ќе ги објавуваме написите од нашите активности (курсеви, теренски набљудувања…) и нашите размислувања на теми од астрономијата. Секојдневните известувањата за нови откритија и достигнувања ќе бидат, како и досега, во категоријата вести. Исто така воведовме и речник, поточно индекс на поими, кој засега вклучува само преводи на имињата на објектите од Сончевиот систем. Понатаму тој ќе биде проширен со преводи и описи на бројни објекти и процеси во Вселената.

Старата адреса – astronomija.com.mk е сè уште валидна, но ќе ве префрли на новиот портал. Секако, стариот портал со над 4000 написи ќе остане и понатаму достапен на оваа адреса – http://astronomija.com.mk/index_star.asp

Благодарност до сите кои низ годините на бројни начини придонесуваа за опстанокот на стариот портал, а особено на Никола Цацаноски за техничката поддршка.

Секако, мораме да ги споменеме и нашите членови кои низ годините несебично преведуваа вести и статии меѓу кои и Петар Ивановски, Михаела Стојанова, Јован Милосковски, Ксенија Трајковска, Милан Велков, Марина Димовска, Дајана С., Марија Дренковска, Мартин Стојановски, Моника Трајковска, Махир Демир, Максим Осман-Николов, Лазар Николовски, Трајковски Симон,  Ацо Мурадјан, Андреј Костовски, Димитар Бачваровски, Митровиќ Радан, Кристина Трајковска, Дамјан Вучков, Филип Симески, Емилија К., Станоески Сашо, Таше Стрезовски, Борче Милчески, Марко Шунтов, Пеце Подигачоски, Александра Стефановска, Симон Трајковски, Бојан Андоновски, Љубинка Брашнарска, Филип Парталовски,  авторите на текстови Александар Зоркиќ, Радан Митровиќ, Васко Цацаноски, Кристијан Шишковски, Мартин Димитриевски, Антонио Сасански, Стојановски Мартин, Андреја Бабамов, Филип Симески и многу други…

Благодарност и до сите читатели и љубители на астрономијата. Се надеваме дека ќе уживате во новиот портал и ќе ги користите можностите кои ги нуди. Продолжуваме понатаму!

Ваше,

Скопско астрономско друштво

Сподели.