Џиновските галаксии умираат тргнувајќи од центарот

0

При набљудувањето со помош на Многу големиот телескоп (Very Large Telescope – VLT) и Хабл (Hubble)  се гледа како процесот на создавање ѕвезди најпрво се гаси во јадрата на елиптичните галаксии. Астрономите за првпат покажаа како збир од ѕвезди во „мртвите галаксии” згаснале милијарди години порано. Многу големиот телескоп откри дека три милијарди години по Големиот прскот овие галаксии и понатаму создаваат ѕвезди на своите надворешни страни, додека ова повеќе не се прави во внатрешните делови. Изгледа дека гасењето на процесот на создавање ѕвезди започнало во јадрата на галаксиите и потоа се проширило на нејзините надворешни делови. Резултатите се објавени на 17 април 2015 г. во списанието Наука (Science).

Најголемата астрофизичка мистерија се заснова на тоа како големите стабилни елиптични галаксии, типични за современиот Универзум, ги гасат понекогаш своите многу брзи процеси на создавање на ѕвезди. Ваквите ѕвездени колоси, наречени сфероиди поради нивниот изглед, обично се состојат од ѕвезди кои се десет пати погусто сместени во централните делови од галаксиите, отколку што е тоа случај со Млечниот пат. Исто така, нивната маса е десет пати поголема од масата на галаксиите во која се наоѓа нашата галаксија.Џиновските галаксии умираат тргнувајќи од центарот

Астрономите ваквите галаксии ги нарекуваат црвени, затоа што се состојат од широк дијапазон од стари црвени ѕвезди и поради тоа што им недостигаат сини ѕвезди. Таквите галаксии не покажуваат знаци на формирања на нови ѕвезди. Проценетата старост на ѕвездите укажува на тоа дека нивните галаксии престанале да создаваат нови ѕвезди пред десет милијарди години. Ваквиот процес се случил кога процесот на нивното создавање во Универзумот бил на самиот врв и кога останатите галаксии формирале свои ѕвезди дваесет пати побрзо отколку што тоа го прават денес.

Астрономите успеаја да испитаат вкупно 22 галаксии со различни маси и кои се создале околу три милијарди години по Големиот прскот. Инструментот СИНФОНИ (SINFONI), кој се наоѓа на VLT, собрал фотографии од овие галаксии на кои јасно се гледа каде ги создале своите ѕвезди.

СИНФОНИ може да извршува прецизни мерења на оддалечени галаксии благодарејќи на системот на адаптивна оптика, кој оневозможува добивање на матни фотографии кои се последица на влијанието на Земјината атмосфера.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.