Десетте најголеми мистерии во научниот свет [II дел]

0
Десетте најголеми мистерии во научниот свет [II дел]

Заслуги: NASA / CXC/ U. Victoria/ A. Mahdavi / CHFT et al.

Една од највозбудливите работи во науката е токму тоа што секогаш ќе останат необјаснети појави, неодговорени прашања за кои ќе треба да се истражува и бара одговорот. Продолжуваме со топ-листата од 10 мистерии кои веќе долго ги измачуваат научниците. Прочитајте го првиот дел тука.

Од што е создадена темната материја?

Околу 80% од целата маса во Универзумот е темна материја. Станува збор за мошне каракатеристична работа, бидејќи таа не емитува никаква светлина. Нејзиното постоење било теоризирано уште пред 60-тина години и сè уште не постојат директни докази со кои може да се потврди. Многу научници веруваат дека темната материја е создадена е масивни честички со слаба интеракција, кои можат да бидат околу 10 пати помасивни од протоните, но реагираат со материјата која е детектирана од страна на нашите телескопи. Други кандидати за составот на темната материја се аксиони, неутралина и фотиони.

Како започнал животот?

Од каде доаѓа животот? Што се случило за да започне? Според еден од моделите, се претпоставува дека од основните материи се создавале покомплексни молекули, од кои настанал животот. Ова се случувало длабоко во океаните, во калта или под мразовите. Разните модели даваат и различна важност на улогата на на грмотевиците и вулканските активности во создавањето на животот. Сега, преовладува ДНК, но се претпоставува дека во првобитните животни форми доминантна била РНК. Дел од научниците се прашуваат дали постоеле и други нуклеински киселини за кои не знаеме. Понатаму, дали животот откако еднаш започнал продолжил да се развива, или можеби имало неколку обиди со тотално уништување и нови почетоци? Дел од научниците веруваат дека микроорганизмите биле донесени на Земјата од страна на кометите и астероидите преку нивните чести удари во нашата планета.

Како функционираат тектонските плочи?

Може да звучи чудно, но теоријата за движењето на тектонските плочи, создавајќи различен распоред на континентите, земјотреси, вулкани, па и планини добила голема поддршка пред релативно кратко време. Иако, уште во 1500-тите било кажано дека континентите веројатно порано биле споени, идејата не била актуелизирана се до 60-тите кога била поддржана со докази теоријата за ширење на водната површина со истовремено повлекување на карпите кон внатрешноста на Земјата и нивно повторно враќање во форма на магма. Сепак, научниците не се целосно сигурни што точно ги придвижува тектонските плочи и како точно се оформуваат. Постојат многу теории, но ниту една не ги објаснува сите аспекти на оваа појава.

Како мигрираат животните?

Многу животни и инсекти мигрираат преку годината со цел избегнување на сезонски промени во температурите, потрага по ресурси или парење. Дел од овие миграции траат и по неколку илјадници километри во еден правец, што е навистина импресивно и нè тера да се запрашаме како успеваат да го најдат патот назад секоја година. Познати е дека различни животни користат различни алатки за навигација, но сепак не е целосно објаснетно како успеваат сите овие неистренирани животни да се движат по точно одредени патишта секоја сезона.

Што е темна енергија?

Темната енергија е хипотетички концепт за вид на енергија кој исполнува околу 70% од Универзумот. На оваа енергија ѝ се припишува експанзијата на Универзумот. Но, постојат безброј прашања кои се неодговорени. Од што е составена, дали е константна, зошто нејзината густина се поклопува со густината на обичната материја? Може ли да биде разјаснета преку Ајнштајновата теорија на гравитација, или пак оваа теорија треба да се преиспита?

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.