Десет интересни факти за Нептун [прв дел]

0

Нептун е навистина интересен свет. Но, иако е таков, има многу работи кои луѓето не ги знаат за него. Тоа е можеби бидејќи Нептун е најоддалечената планета од нашето Сонце, или бидејќи има само неколку мисии што отишле толку далеку во нашиот Сончев систем. Без оглед на причините, Нептун е гасовит и леден џин кој е полн со чуда!

Во текстот подолу, имаме направено листа од 10 интересни факти за оваа планета. Некои од нив можеби веќе ги знаете, но некои сигурно ќе ве изненадат, па дури и зачудат. Уживајте!

1.Нептун е најоддалечената планета:

Ова можеби звучи како просто тврдење, но ситуацијата е всушност посложена. Кога бил откриен во 1846 година, Нептун бил најоддалечената планета во Сончевиот систем. Потоа во 1930 година е откриен Плутон и Нептун стана втората најоддалечена планета. Но, орбитата на Плутон е многу елиптична и има периоди кога Плутон всушност орбитира поблиску до Сонцето одошто Нептун. Последен пат ова се случило во 1979 година и траеше до 1999 година. Во тој период Нептун беше најоддалечената планета.

Потоа, на XXVI-тото Генерално собрание на Меѓународната астрономска унија (МАУ), кое се одржи од 14 август до 25 август 2006 година во Прага, прашањето за тоа која е најоддалечена планета беше уште еднаш разгледано. Наспроти откривањето на повеќе небесни тела слични на Плутон, во Кајперовиот појас, како Ерида, Хаумеа, Седна, Макемаке и актуелниот случај со Церера, МАУ одлучи дека е време да се дефинира што е планета.

Во однос на тоа што се чини дека беше многу контроверзна одлука, МАУ усвои договор со која планета е дефинирана како „небесно тело кое орбитира околу ѕвезда, кое е доволно масивно да биде заоблено како резултат на сопствената гравитација, но го нема исчистено блискиот простор од парчиња за градба на планети (planetesimals) и не е сателит. Подетално, телото треба да има доволна маса за да ја надмине сопствената компресивна сила и да постигне хидростатска рамнотежа.“ Како резултат на ова. Плутон е „лишен“ од статусот на планета и затоа е определен како „џуџеста планета“. Така, Нептун е повторно е најоддалечената планета. Барем засега…

2. Нептун е најмалиот од гасовитите џинови

Со радиус на екваторот од само од 27.674 километри, Нептун е најмалиот помеѓу сите други гасовити џинови во Сончевиот систем: Јупитер, Сатурн и Уран. Но поинтересното е што Нептун е всушност помасивен од Уран за 18%. Бидејќи е помал, но помасивен, Нептун има многу поголема густина од Уран. Всушност, со 1.638 g/cm3, Нептун е најгустиот гасовит џин во Сончевиот систем.

3. Гравитацијата на површината на Нептун е скоро иста како на Земјата:

Нептун е топка од гас и мраз и веројатно има цврсто јадро. Нема можност фактички да стоите на површината на Нептун без да пропaднете. Сепак, доколку можете да стоите на површината на Нептун, сигурно ќе забележите нешто интересно. Гравитациската сила која ве влече надолу е скоро иста како силата на гравитација која се чувствува кога се движите на Земјата.

Гравитацијата на Нептун е околу 17% посилна од онаа на Земјата.Тоа е всушност случај во Сончевиот систем кој е наблиску до вредноста на Земјината гравитација (еден g). Нептун има 17 Земјини маси, но исто така е 4 пати поголем. Ова значи дека неговата поголема маса е распространета на поголем волумен и долу, на површината, привлекувањето на гравитацијата ќе биде скоро идентично – освен во делот дека може да пропаднете!

4. Откривањето на Нептун е сè уште контроверзно:

Првата личност што го видел Нептун веројатно бил Галилео, кој го означил како ѕвезда во еден од неговите цртежи. Бидејќи не го идентификувал како планета, тој не се смета за откривач на Нептун. Заслугата за откривањето е на францускиот математичар Урбен Ле Верие и англискиот математичар Џон Коуч Адамс. Двајцата предвиделе дека нова планета, позната како Планетата Х (икс), ќе биде откриена во определен регион на небото.

Кога астрономот Јохан Готфрид Гале навистина ја открил планетата во 1846 година, двајцата математичари ја зеле заслугата за откривањето. Англиските и француските астрономи се расправале за тоа кој прв го направил откритието. Сепак, постои согласност помеѓу астрономите дека Ле Верие и Адамс имаат подеднаква заслуга.

5. Нептун има најсилни ветрови во Сончевиот систем:

Мислите дека ураганот е страшен? Замислете ураган со ветрови кои дуваат и до 2.100 км/час. Научниците се зачудени како на ледена планета како Нептун може горните облаци да се движат толку брзо. Едно објаснување е дека студените температури и струјата на лесните гасови во атмосферата на планетата може да го намалат триењето до точка каде е лесно да се создадат ветрови кои се движат толку брзо.

[продолжува…]

Превод: Сашо Станоески

Извор: Universe Today

Сподели.