Дали НАСА навистина создаде ворп-погон?

0

НАСА е на пат да открие ворп (warp) балони кои ќе го направат секој агол на Универзумот достапен за човечки мисии. Ја надминавме брзината на звукот, но сега научниците можеби ја надминаа брзината на светлината, според објави на nasaspaceflight.com. Сепак, вестите ниту се официјално потврдени ни прегледани од стручен кадар.

Парчето опрема е електромагнетниот погон (ЕМ). Тоа е иновативен помошен погон направен да ги движи ракетите без поместувач. Идејата оригинално наиде на скептицизам – за да се постигне движење во една насока во вакуумот на Вселената потребно е да се турне објект во спротивната насока за ракетата да добие импулс. Објектот кој е буткан во спротивната насока на движењето на леталото е поместувач, но ЕМ работи и без тоа.

Оригинално наменет за мисии до Месечината, мисии до Марс и ниско-орбитни мисии на Земјата, сега овој погон се смета за иднината на меѓуѕвездени патувања.

Необјавениот експеримент кој доведе до оваа возбудлива опција бил направен во вакуумот на Вселената. По пукање ласери во резонантната соба на ЕМ погонот, каде светлината резонира да го зголеми интензитетот, истражувачите откриле дека некои од зраците светлина се движеле побрзо од брзината на свелината. Но како?

Ајнштајновата теорија на релативноста забранува било кој објект да се движи побрзо од брзината на светлината. За среќа, постои теорија која ја избегнува оваа мала невозможност. Ако зраците од ласерот се движат побрзо од брзината на светлината, тогаш тоа би значело дека создаваат некој вид на ворп поле или балон во простор-времето што го предизвикува погонот кој во иднина би можел да придвижува вселенски брод.

Балонот би го стеснувал време-просторот пред бродот, би поминал преку него и би се проширил во нормала позади него. Не е точно да се каже дека бродот се движи побрзо од светлината, туку дека време-просторот се движи околу бродот побрзо од брзината на светлината. Ова е различно од црвја дупка, каде едниот дел од Унверзумот е поврзан со друг и бродот патува низ дупката. Самиот брод е всушност стационарен, а време-просторот се движи околу него.

Општо застапено мислење е дека за време на Големиот прскот, време-просторот се ширел многу брзо – побрзо од брзината на светлината! Па, ако време-просторот се движи побрзо од брзината на светлината, зошто не можат да го искриват сега? Технологијата за ворп (искривувачки) погон слична на онаа опишана во популарната научна фантастика можеби е следно нешто на листата.

Дури и помалку гламурозните форми на вселенско патување ќе имаат бенефит од оваа технологија. ЕМ погонот ќе носи сателити во Вселената намалувајќи ја нивната маса на лансирање. Вселенските станици нема да имаат потреба од толку многу мисии за снабдување со гориво, правејќи го вселенскиот живот поевтин со додадениот бенефит од помала штета на структура на вселенските летала од маневрите за поврзување.

Има уште многу тестови кои треба да се изведат за да се потврди дали ласерските зраци ја надминуваат брзината на светлината.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.