Дали микроорганизмите им даваат карактеристики на кометите?

0
Слика одблиску од кометата 67P / Churyumov-Gerasimenko, направена на растојание од 130 км, со помош на камерата ОСИРИС од леталото Розета. Низа карактеристики, вклучувајќи камења, кратери и стрмни карпи се јасно видливи. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Слика одблиску од кометата 67P Чуриумов-Герасименко (67P/Churyumov-Gerasimenko), направена на растојание од 130 км, со помош на камерата ОСИРИС (OSIRIS) на леталото Розета. Низа карактеристики, вклучувајќи камења, кратери и стрмни карпи се јасно видливи. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Кометата 67P/Чуриумов-Герасименко, проучена до детаљ од страна на Европската Вселенска агенција со помош на леталата Розета (Rosetta) и Филе (Philae) во септември 2014, е тело со посебни и неочекувани карактеристики. Засега два астрономи имаат радикално објаснување за нејзините карактеристики т.е. микроорганизми кои ја обликуваат активноста на кометата.

Д-р Макс Валис (Max Wallis) од Универзитетот Кардиф ги изнесе нивните идеи пред кусо време (6 јули, понеделник) за време на Националната астрономска средба во Велс. Податоците од Розета откриваат неправилна комета во облик на патка, околу 4.3 до 4.1 км во обем. Се чини дека има црна кора и замрзната подлога и сликите покажуваат огромни, мазни мориња, кратери со рамно дно и површина исполнета со огромни камења. Езерата на кратерите се тела кои секој пат одново замрзнуваат благодарение на водата што лежи со органските остатоци. Паралелните бразди се поврзуваат со свиткување на асиметричното и вртливо тело со двоен резен кое обновува пукнатини во мразот кој се наоѓа под површината.

Д-р Валис и неговиот колега, професор Чандра Викрамасингх (Chandra Wickramasinghe), којшто е директор на центарот за Астробиологија во Бакингем, тврдат дека сите овие карактеристики се во согласност со мешавина од мраз и органски материјал кој се соединува од затоплувањето на Сонцето во периодот додека кометата орбитира во просторот, кога активните микроорганизми можат да бидат поддржани. Веројатно, во нивниот модел на микроорганизмите им се потребни тела со вода (во течна состојба) за да ја колонизираат кометата и да направат трајни пукнатини во мразот. Организмите кои содржат соли против замрзнување се особено добри во прилагодување на тие услови и некои би можеле да бидат активни до 40 степен под нулата. Осветлените површини од 67P/Чуриумов-Герасименко се приближија до оваа температура минатиот септември, кога на 500 милиони км од Сонцето беа забележани слаби емитувања на гас. Како што патува до најблиската точка до Сонцето (перихел), температурите се зголемуваат, се јавува зголемено испарување и микроорганизмите треба да станат значително поактивни. Д-р Валис вели: „Розета веќе покажа дека кометата нема да се гледа како длабоко, замрзнато и неактивно тело, но таа поддржува геолошки процеси и би можела да биде погостопримлива за микро-живот отколку нашите Арктички или Антартички региони“.

Валис и Викрамасингх цитираат дополнителен доказ за живот, преку откритието на Филе, за постоење изобилство комплексни органски молекули на површината на кометата и од инфрацрвените слики направени од Розета. Професорот Викрамасингх коментираше: „Ако орбитерот на Розета пронашол доказ за живот на кометата, тоа ќе биде особена почит да се обележи стогодишнината од раѓањето на Г-дин Фред Хојле, еден од неспорните пионери на астробиологијата.

Превод: Марко Панушковски

Извор: Phys.org

Сподели.