Бодеов закон

0

Во почетокот на 18-ти, 19-ти, и 20-ти век, астрономијата како наука сè уште не била во целост Њутнова. Помеѓу астрономите и филозофите сè уште владеело мислењето дека Сончевиот Систем ги содржи само оние шест планети познати уште од антична доба: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер и Сатурн. Меѓутоа, кога сер Вилијам Хершел во 1781 година ја открил седмата планета, Уран, скоро сите биле убедени дека мора да постојат уште слични тела.

Бодеов закон

Дополнителен стимул пристигнал кога се сетиле дека девет години пред тоа бил објавен математички куриозитет познат како Тициус-Бодеов закон.

Имено, уште во 1766 година еден руски астроном, Јохан Тициус¹ објавил еден „закон“ за оддалеченоста на планетите од Сонцето. Бидејќи тоа е објавено само како кратка фуснота во една книга, веројатно никогаш не би постанал општо познат доколку во 1772 година еден друг германски научник, Јохан Боде², не го дополнил и објавил.

Тој емпириски математичкки израз едноставно може да се опише вака. Ги земаме броевите:

0, 3, 6, 12, 24, 48, 96, 192, 384

односно секој нареден е два пати поголем од претходниот и додаваме 4. Добиваме:

4, 7, 10, 16, 28, 52, 100, 196, 388

ако секој добиен број го поделиме со 10, ја добиваме низата:

0.4, 0.7, 1.0, 1.6, 2.8, 5.2, 10.0, 19.6, 38.8

што претставува просечна оддалеченост на планетите од Сонцето, изразено во астономски единици. Кога сè ќе се земе предвид, вредностите се вчудоневидувачки прецизни. Реалните просечни вредности се следните:

Меркур 0.39
Венера 0.72
Земја 1.00
Марс 1.52
Јупитер 5.20
Сатурн 9.54
Уран 19.19
Нептун 30.0
Плутон* 39.48

*со одлука на Меѓународната астономска унија од 2006 година Плутон го изгуби статусот на планета

Законот кој го предложил Боде бил прифатен со прилично слаб интензитет во научната заедница, сè додека Вилијам Хершел не објавил дека новооткриениот Уран се наоѓа на орбита оддалечена околу 19.2 астрономски единици (1 a.e. е просечното растојание помеѓу Земјата и Сонцето и изнесува 150,000,000 киломтери)– точно на местото кое го предвидел Тициус-Бодеовиот закон!

Меѓутоа, се воочува следното: Марс е на оддалеченост од 1.6, а Јупитер на точно 5.2 а.е. Што претставува тогаш вредноста од 2.8 а.е. којашто се наоѓа помеѓу овие две? Не е ли тоа место на орбита на изгубената, хипотетичка планета Фетон? Астрономите организирале „ѕвездена полиција“ со цел да откријат планета за која се верувало дека се наоѓа на тоа место. Небото било набљудувано со тогашниот најмоќен телескоп повеќе од година дена, но без резултати.

И тогаш, на 1-ви јануари 1801 година, сицилијанскиот астроном Џузепе Пјаци, кој и не учествувал во потрагата, туку ги средувал каталозите на ѕвезди, ја открил првата мала планета (планетоид) наречена Церера³, на оддалеченост од 2,767 а.е. на Тициус-Бодеовата скала. Нејзината големина била околу 960 километри, а периодот на орбитирање 4.6 години. Така, дефинитивно било пополнето и последното празно место во Бодеовата низа. Подоцна, на тоа место се пронајдени огромен број помали објекти кои го сочинуваат познатиот астероиден појас, помеѓу Марс и Јупитер. По тоа откритие, до крајот на 1807 година откриени се уште три помали објекти – Палада (1802), Јунона (1804) и Веста (1807).

Законот е прекршен на чуден начин во случајот на планетата Уран, а на нејзино место, на предвидената вредност од 38.8 лежи орбитата на Плутон со реална вредност од 39.48 а.е.

Денес, кога се говори за Тициус-Бодеовиот закон, научниците се солгасни дека се работи само за чиста математичка коинциденција, но правилноста во структурата на Сончевиот Систем, како онаа која ја предвидел и изразил Бодеовиот закон и фактот што сите планети кружат околу Сонцето во ист правец, укажуваат дека можеби целиот систем во почетокот бил создаден со едноставен механички процес.

¹Јохан Даниел Тициус (1729-96) – астроном, физичар и биолог. Дипломирал во 1752 во Лајпциг и образованието го продолжил на Универзитетот во Витенберг. Се занимавал и со термометрија и класификација на билките, животните и минералите.

²Јохан Елерт Боде (1747-1826) – од 1786 бил управник на берлинската опсерваторија и останал таму до смртта. Покрај другите публикации, се издвојува „Уранографија“ (1801) колекција од 20 ѕвездени мапи со каталог од 17.240 ѕвезди и маглини. Во 1776 година ја изнел теоријата за градбата на Сонцето, слична на онаа која ја развил сер Вилијам Хершел во 1795 година.

³преку една третина од 2,3 х 1021 килограми од вкупната маса на астероидите му припаѓа нему.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.