Блесоци од извори побрзи од светлината би можеле да разјаснат одредени астрономски нејаснотии

0
Хабловата Променлива Маглина. Заслуги: Вилијам Спаркс, Силвија Багет и Хабл Херитиџ Тимот

Хабловата Променлива Маглина. Заслуги: Вилијам Спаркс, Силвија Багет и Хабл Херитиџ Тимот

Доколку придвижите ласерско светло, со соодветна брзина, преку површината на месечината, можете да создадете точки кои всушност се движат побрзо од светлината. Секој може да го направи ова.

На состанок на Американското Астрономско друштво во Сиетл, Роберт Немироф, професор по физика на Универзитетот за Технологија во Мичиген, соопштил дека оваа теоретска љубопитност би можела да биде од практична корист за космосот. При појавување на суперлуминално движење (кое претставува движење кое е навидум побрзо од светлината), тоа најчесто започнува со блесок кој може да открие претходно непозната три-димензионална информација за расејувачкиот објект.
Блесоци, наречени “фотонски бумови“, бидејќи се директно аналогни на соничните бумови, може да бидат забележани на Месечината, на поминувачки Астероиди, на брзо поместувани сенки добиени од рефлектирачка прашина близу променливи ѕвезди, како и на објекти осветлени од брзо ротирачките зраци на пулсари, вели Немироф. “Доколку ги детектираме овие “бумови“, би можеле да научиме многу повеќе за овие објекти, “ кажува Немироф.

“Концептот е доста интригантен, иако не е докажан во пракса, “, вели Росан Ди Стефани, главната истражувачка во Харвард-Смитсоновиот Центар за Астрофизика.

За да се откријат големината и својствата на површината на поминувачки астероиди, близу нашата Земја, ласерски зрак може да биде насочен преку површината на карпата, илјада пати во секунда и со секое поминување да се предизвикува безопасен фотонски бум. Блесоците ќе можат да бидат снимени со брзи камери кои се поставени на големи телескопи, потенцијално мапирајќи големи одлики и својства на астероидот.

Фотонските бумови можат да бидат забележани и подалеку во нашиот универзум. Ваков пример се случува кај Хабловата Променлива Маглинна. Таму, сенките добиени од облаците кои се движат меѓу променливата ѕвезда “Р Мон“ и од рефлектирачката прашина, се движат толку брзо што тие може да создадат фотонски бумови кои потоа се видливи со недели.

Физиката позади фотонскиот бум е поврзана со “побрзо од светлината“ светлинско поминување на осветлените точки и добиените сенки. Поточно, се забележува блесок од страна на набљудувач кога брзината од расеаната точка кон набљудувачот паѓа од, поголема брзина од брзината на светлината кон помала брзина од брзината на светлината. Овој феномен е возможен заради тоа што точките не содржат маса, па освен што можат да се движат побрзо од светлината, тие и успоруваат под брзината на светлината без да ја прекршат Ајнштајновата Специјална теорија за релативност.

Деталите од ефектот зависат од интеракцијата меѓу потребното време за светлинското поминување да мине преку објект и од времето потребно за светлински зрак да ја помине длабочината на објектот. Затоа, мерењето на фотонските бумови, дава информации за длабочината на расејувачккиот објект. Доколку месечината беше само рамен диск на небото, во тој случај, појава на фотонски бумови ќе беше невозможно.

“Фотонси бумови се случуваат доста често и фреквентно—но тие се секогаш премногу кратки за да бидат забележани, “ вели Немироф. “Во далечините на космосот тие траат доволно долго за да бидат забележани—но досега никој не размислил да ги бара истите!“

Светлинскиот блесок од фотонски бум доста се разликува од добро познатата Черенкова радијација, која претставува светлина која е емитирана кога електризиран објект ја поминува границата на брзината на светлината во внатрешноста на транспарентна материја.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys.org

Сподели.