Астрономските форензичари до откритија преку архивите на Хабл

0

Hubble-novi-otkritija

Астрономите кои го употребуваат Хабл развија нова техника за процесирање на слики. Сега истражувачите можат да се навратат на некои слики и останати записи на кои недоволно им се посветиле. Со тоа информации од многу стари истражувања не одат во неповрат, туку се зачувани за потребите на научниците многу години во иднината. Така и Rémi Soummer со тимот неодамна дојдоа до откритие, копајќи по архивите на Хабл.

Ѕвездите во овој случај првично биле проучувани со NICMOS (Hubble’s Near Infrared Camera and Multi-Object Spectrometer ). Претходните истражувања насочувале кон можноста за постоење на материја во форма на диск околу оваа ѕвезда, но во периодот од 1999 до 2006 г. ништо не било детектирано во околина на ѕвездата. Неодамна, поради подобрувањето во процесирањето на сликите, тимот на Rémi Soummer успеал да ги види дисковите и тоа од истите слики од порано, благодарејќи на напредокот на технологијата.

NICMOS почнал со прибирањето податоци од 1997 година. Хабл, кој е во функција веќе 24 години, овозможува полесно составување на шеми за еволутивниот развој на определени ѕвезди со овој систем – со ова се согласуваат повеќе научници. Тие велат дека можат да откријат доста детали за овие дискови, од нивниот облик па до нивниот состав, а сето тоа придонесува за да се дознае начинот на нивното настанување.

Биле забележани дури и ситни честици во меѓупросторот помеѓу поголемите парчиња карпи (прашина) што доволно зборува за деталноста со која се прикажуваат објектите.

Една посебно интересна ѕвезда е HD 141943, која се смета за близнак на Сонцето. Дискот кај оваа ѕвезда е асиметричен. Асиметријата можеби е последица од постоењето на планети во овој ѕвезден систем, односно на нивната гравитација. Ќе се работи и на имплементација на оваа техника на James Webb телескопот. Така ќе продолжи трагањето по докази за постоење на планети околу оваа и околу други ѕвезди.

Превод: Милан Велков

Извор: Phys.org

Сподели.