10 митови за Вселената во коишто треба да престанеме да веруваме

0
10 митови за Вселената во коишто треба да престанеме да веруваме

Заслуги: Wikimedia commons

Зошто не треба да се засноваме на фактите претставени од Холувуд?

1. Експлодираме во Вселената

Како многу од митовите што ќе следат, голем дел од идејата беше креирана од Холивуд. Многу често продуцентите на филмови и не се грижат многу за вистинитоста на нивните факти. Тие без големи потешкотии си поигруваат со реалноста со цел да направат некоја сцена да изгледа поинтересно. Од филмовите, ние знаеме дека во моментот кога човекот ќе биде изложен во Вселената без никаков заштитен костим, експлодира распрнувајќи крв и распарчени органи насекаде (во зависност од рејтингот на филмот).

Изложувањето во Вселената дефинитивно би ве убило, но не веднаш и не на таков начин. Човекот може да издржи околу половина минута без никакво трајно оштетување. Не би било пријатно, но не би резултирало со моментална смрт. Најверојатно би умреле од задушување, со оглед на тоа што во Вселената нема кислород. Има еден филм кој што го има направено ова како што треба – „A Space Odyssey“ (2001).

2. Венера и Земјата се идентични

Многу често Венера се опишува како наша планета близначка, но не треба да се смета дека тие се идентични. Оваа идеја се појави кога не знаевме каква навистина е површината на планетата. Како резултат на неверојатно дебелиот слој на атмосферата, сè додека не испративме вселенско летало не можевме да откриеме колку смртоносна и непријателски настроена е површината на планетата.

3. Сонцето е голема топка оган

Сонцето всушност свети, не гори. Ова можеби се чини како безначајна разлика, но топлината произведена од Сонцето е резултат на нуклеарна реакција, не на хемиска каква што е горењето. Додека сме кај Сонцето…

4. Сонцето е жолто

Побарајте од било кој да го нацрта Сонцето и веднаш ќе посегне по жолтата боица. Изгледа сосема нормално. Сите ние сме го цртале Сонцето со жолта боја уште како мали, и ако некогаш ни биле потребни повеќе докази, би излегле надвор и би го погледнале Сонцето кое со сигурност изгледа како да е жолто.

Но, ние го гледаме како жолто благодарение на нашата атмосфера. Ако сте сигурни дека имате видено фотографии од НАСА каде што Сонцето е жолто, можеби сте во право. Таа слика на жолто Сонце што ја имаме е толку распространета што понекогаш астрономите ја модифицираат бојата на нивните фотографии со цел да бидат попрепознатливи. Меѓутоа, вистинската боја на сонцето е бела.

И покрај тоа, не мора да го гледаме сонцето за да ја дознаеме неговата боја, тоа можеме да го сториме ако ја измериме неговата температура. Ладните ѕвезди започнуваат како кафеави/темно црвени и го зголемуваат интензитетот заедно со температурата. На другиот крај од спектарот, најжешките ѕвезди со температура на површината и до 10000 К се сини. Нашето Сонце има температура од 6000 К, затоа има јасна бела боја.

5. Земјата е најблиску до Сонцето во лето

На прв поглед ова изгледа логично. Планетата е најтопла кога е најблиску до нештото што ја произведува таа топлина. Но, ова е поради недоразбирањата околу тоа која е причината за годишните времиња. Не се должи на близината на Сонцето, туку на наклонот на оската на ротација. Кога таа оска е завртена и покажува кон Сонцето, тогаш на таа полутопка е лето, кога покажува обратно, тогаш е зима.

Она што не е мит, e идејата дека Земјата е некогаш поблиску, а некогаш подалеку од Сонцето. Нашата планета, како и многу други, има елиптична орбита. Растојанието од Земјата до Сонцето (познато како астрономска единица) е приближно 150 милиони километри. Меѓутоа, во перихел (најблиската точка меѓу Сонцето и Земјата) растојанието се намалува до 147 милиони километри, а во афел (најдолгото растојание) се зголемува и до 152 милиони километри. Па така, за период од една година, растојанието меѓу Земјата и Сонцето се менува за околу 5 милиони километри.

6. Постои темна страна на Месечината

Идејата дека Месечината има страна која што константно е темна не е точна. Поставеноста на Месечината прави таа да е секогаш завртена со истата страна кон Земјата, но не и кон Сонцето. Сите страни на Месечината во некој период се освелени од Сонцето.

7. Звук во Вселената

Филмовите многу ретко го доловуваат звукот во Вселената. Секако, доколку потрошите мало богатство на експлозии или драматична смрт, ќе сакате публиката да го слушне тоа. Меѓуатоа, во Вселената нема атмосфера, што значи нема ништо низ што би можеле звучните бранови да патуваат. Но, ова не значи дека не постои никаков друг звук во Универзумот освен оној од нашата планета. Ако се најдете на друго место каде што има атмосфера, тогаш таму ќе има звук, иако би бил малку чуден. На пример, на Марс звукот би бил со повисок интензитет.

8. Не можете да патувате низ астероиден појас

Ова сите го знаеме од Војна на ѕвездите (Star Wars). Хан Соло ни покажа дека е одличен пилот кога безбедно го леташе Millennium Falcon низ безмилосен астероиден појас со приближно никакви шанси за преживување. Тоа е импресивно, иако најверојатно секој би можел да го стори тоа доколку би имал вселенски брод во близина.

Едно од нештата што на филмовите им е тешко да го претстават реално е големината, но тоа не е нивна вина. Ако би ги прикажале работите како што навистина се, би покажале црн екран со по некоја малечка точка која би претставувала планета или нешто слично. Вселената е екстремно голема. И кога некој астероиден појас би имал милиони и милиони астероиди во него, ќе мора да бидете најнесреќниот човек во Универзумот за да погодите еден. Не е невозможно, но е премалку веројатно.

Да го земеме нашиот астероиден појас за пример. Има милиони објекти во него. Најголемиот е Церера, поранешен астероид, но сега класифициран како џуџеста планета со дијаметар од околу 950 километри. Шансите да погодите објект во појасот се 1:1.000.000.000. До сега сме испратиле 11 сонди кои немале никаков проблем.

9. Големиот Ѕид во Кина се гледа од Вселената

Ова е уште еден „факт“ за кој што има зборувано скоро секој на интернет. Многу е чудно што сè уште се споменува како постоечки факт.

10. НАСА троши приближно четвртина од буџетот на владата

Без никаков сомнеж, САД има најголем придонес во истражувањето на Вселената, но за жал тие приноси се намалуваат со текот на годините затоа што НАСА почнува да ја губи поддршката на јавноста. Се повеќе луѓето го губат интересот за Вселената, што е вистинска штета затоа што претставува еден од најамбициозните и значајни потфати на човештвото.

Еден од најголемите проблеми со кои се среќава НАСА е тоа што јавноста смета дека со тоа се трошат премногу пари. Луѓето ја зголемуваат сумата која што ја троши НАСА, во некои анкети достигнува и до 25% од целокупниот буџет. Во време каде голем дел од популацијата страда економски, не е ни чудо што сакаат да ја укинат работата во Вселената.

Проблемот е што НАСА не троши ни приближно толку. Предвидениот буџет за 2015 е околу 0,5% од целокупниот буџет. Всушност, низ целата историја на НАСА нивниот буџет се движи околу 1%. Највисок беше за време на вселенската трка во 60-тите години, но и тогаш максимумот што го достигна беше 4,4%.

Превод: Мартина Вељановска

Извор: IFLS

Сподели.